Connect with us

Свет

Макрон го отвори Меѓународниот самит за вселената во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска го отвори Меѓународниот самит за вселената во Париз на кој присуствуваат претставници на Европската Унија и голем број државници.

Макрон посочи дека вселената им припаѓа на сите, но за нејзино користење потребни се договори во кои ќе биде вклучена меѓународната заедница, а не само неколку држави.

Вселенската транзиција е неверојатна. Франција може да се вклучи во новата генерација на вселенска моќ, посочи Макрон, додавајќи оти и Европа мора да биде „дел од трката“ во користењето на вселената.

Макрон наведе и дека вселената е област на потенцијална борба за доминација и поради тоа вселенските капацитети мора да се користат врз основа на прецизни договори, чие постигнување го најави и во областа на вселенската безбедност, во координација со Обединети нации.