Connect with us

Општини

Во Струмица и Радовиш одбележани 35 години од независноста

Во Струмица и Радовиш денеска се одбележаа 35 години од независноста на државата.

Во Струмица одбележувањето се одржа пред споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад, а за значењето на празникот говореше градоначалникот Петар Јанков.

-Нашите претходници имаа храброст да сонуваат за слободна и самостојна Македонија. Нашата генерација има одговорност тој сон да го продолжи – преку работа, чесност, меѓусебно почитување и верба во сопствените можности. Денес, кога светот се соочува со бројни предизвици, поделби и неизвесности, можеби повеќе од кога било треба да се потсетиме дека нашата најголема сила е во заедништвото. Можеме да се разликуваме по многу нешта. Можеме да имаме различни ставови и мислења. Но кога станува збор за иднината на нашата држава, за нашите деца и за Македонија – мора да знаеме дека имаме многу повеќе нешта што нè поврзуваат отколку што нè разделуваат, рече Јанков.

Во Радовиш големиот празник беше одбележан пред спомен обележјето за независноста на Република Македонија, подигнат пред зградата на Општина Радовиш. Венец од свежо цвеќе положија градоначалникот Љупче Почивалец и пратеничката Моника Трајанова.