Connect with us

Општини

Деветнаесет годишниот Давид Величковски истрча 21 километар од Ранковце до Крива Паланка во чест на Денот на независноста

Деветнаесет годишниот Давид Величковски од село Опила, Општина Ранковце денеска истрча 21 километар од Ранковце до Крива Паланка во чест на Денот на независноста, 8 Септември. Трката ја започна во 6 часот и 15 минути, постигна брзина и темпо за да стаса на положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Крива Паланка.

-Овој подвиг не е само трка, тој е симбол на упорноста, храброста, љубовта кон татковината и вербата дека со силна воља секоја цел е достижна, рече  Давид Величковски.

Истакна дека целта му била да оддаде почит на Денот на независноста, во чест на македонскиот непокор да ја оствари својата идеја воден од потфатите на бројни маратонци и полумаратонци, но на малку поинаков начин, со оптеретување , со панцир од 15 килограми на себе, како нешто досега нереализирано и посебно.

Горд на остварената цел, со трка од својата родна општина, до соседната, Крива Паланка, упати порака за почит кон татковината, блиските, соседите, порака за истрајност и заедништво.