Connect with us

Технологија

Во Јапонија воведуваат Итна помош за хуманоидни роботи на кои ќе им се „слоши“

Компанијата „GMO AI & Robotics Corp“ денеска објави дека наскоро на улиците на Токио ќе има специјално опремено возило наменето за одржување на хуманоидни роботи во случај на дефект или неправилности во работењето.

Возилото, кое компанијата го нарече „GMO хуманоидна амбуланта“, е опремено со клучни делови за поправка и алатки, а во него ќе има инженер кој ќе ги елиминира дефектите.

Во мај, Јапонија почна експериментален проект во кој роботи се користат за транспорт на багажот на патниците на аеродромот Ханеда во Токио, а од минатиот месец такви услуги им обезбедуваат на клиенти на железничките станици.

Јапонската влада активно го промовира развојот на домашната вештачка интелигенција како дел од своите напори за обезбедување национална безбедност и заштита на податоците.