Општини
Штип очекува околу 100.000 гости на манифестацијата „Пастрамајлијада“

Во завршна фаза се подготовките на штипската „Пастрамалијада“, која годинава ќе се одржи на 19 и 20 септември на две локации.
Штандовите со познатиот штипски бренд ќе бидат поставени на шеталиштетот „Ванчо Прќе“, каде што во петок во 12 часот ќе има и свечено отворање на манифестацијата, додека големиот концерт на балканската ѕвезда Дино Мерлин ќе се одржи на Градскиот стадион. Пред концертот на Дино Мерлин ќе настапат Елена Ристеска и Владо Јаневски.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека градот Штип очекува 100.000 посетители, а целата организација е настанот да помине безбедно и без никакви проблеми за граѓаните кои ќе сакаат да ја посетат манифестација, како и да бидат гости на концертот во саботата, кој е бесплатен.
-Сакам да потенцирам дека овогодинешната манифестација малку поразличен концепт од годините наназад. Затоа што вклучуваме концепт на уличен фестивал, тоа е на улицата „Ванчо Прќе“, каде е претходната година ќе имаме поставено штандови за продажба на познатата штипска пастрамајлија и еден концертен дел во рамките на Градскиот стадион, каде се очекува најголемиот интерес на гостите и публиката од страна, одржувајќи се еден спектакуларен концерт, вели Јорданов.
Тој истакна дека манифестацијата ќе овозможи директен економски бенефит за градот и бизнисите, без да се зголемуваат или оптеретуваат јавните финансии. Цената на штипската пастрамајлија на штандовите ќе изнесува 220 денари, обезбедени се над 4.000 паркин места за гостите кои ќе доѓаат од останатите општини во земјата, како и од странство. Редари на штипското Јавно претприијатие „Стипион“ ќе бидат ангажирани за да ги насочуваат возилата на паркин местата, а исто така ќе има и организација за безбедно влегување на Градскиот стадион во Штип.
септември 18, 2025