Фудбал
ПМФЛ: Струга убедлива против Брегалница
Струга Трим Лум одигра одличен натпревар пред својата публика и со убедливи 4-0 ја совлада Брегалница во рамките на петтото коло од ПМФЛ.
По мешаница во шеснаесетникот на гостите, топката стигна до Малески, кој од непосредна близина без проблем ја смести во мрежата за 1-0.
Во 47. минута, Рајков несреќно погреши при расчистувањето и му ја сервираше топката на Малески, кој ја искористи подарената можност и со својот втор гол на натпреварот зголеми на 2-0.
Само неколку минути подоцна Брегалница доживеа нов шок. По длабочинско додавање, Јашар лошо процени една топка, таа го прескокна, а Хамонд Агама, кој штотуку влезе во игра, од првиот контакт со топката реализираше за 3-0.
Конечниот резултат беше поставен во 75. минута, кога Шабани упати прецизен удар од дистанца и зголеми на убедливи 4-0.
август 28, 2026
