Connect with us

Свет

Кремљ: Русија остро ќе одговори на украинските напади врз економската и трговската инфраструктура

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе одговори решително на украинските напади насочени кон нејзината трговска и економска инфраструктура, но истакна дека нема потреба од дополнително засилување на воената кампања бидејќи руските сили веќе напредуваат на теренот – пренесува ТАСС.

Изјавата следува откако руската компанија за онлајн-трговија „Озон“ соопшти дека два нејзини логистички центри, во Уфа и Оренбург, биле цел на напади со беспилотни летала.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека за време на ноќните напади врз Украина биле погодени повеќе економски и логистички објекти, кои, според нив, служеле за поддршка на украинската армија. Меѓу погодените цели беа наведени металуршки претпријатија во Запорожје и Криви Рог, логистички центри во Киев и неговата околина, нафтената рафинерија во Кременчук во Полтавската област, како и пристаништата во Одеса, Черноморск и Рени, каде што наводно се вршело складирање и склопување дронови.