Connect with us

Општини

Четворица кандидати за градоначалник на Гевгелија ќе ја бараат поддршката од граѓаните

Граѓаните на Гевгелија на претстојните локални избори ќе имаат можност да гласаат за еден од четворицата кандидати за градоначалник – Тони Аврамов од Левица, Љупчо Бучков од Родина Македонија, Миле Атанасов од коалицијата на СДСМ и Андон Сарамандов од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, чии кандидатури се потврдени од ОИК.

За Советот на Општината се поднесени шест кандидатски листи – Левица, носител Николчо Петров, ЗНАМ, носител Борче Нечевски, СДСМ коалиција, носител Александар Киров, ВМРО-ДПМНЕ коалиција, носител Димитар Вегов, Искуство за успех (коалиција ЛДП, Интегра, ПЦЕР), носител Виктор Петков и Македонска акција МААК, носител Ристо Ѓоргиев.

За дел од подносителите трае рокот за отстранување на констатирани неправилности и непотполни документи.