Connect with us

Филм

Квентин Тарантино, филмот „Падот на црниот јастреб“ на режисерот Скот го прогласи за најдобро филмско остварување на 21 век

Британскиот режисер Ридли Скот не се согласува со Квентин Тарантино, кој неговиот филм „Падот на црниот јастреб“ го прогласи за најдобро филмско остварување на 21 век.

Тој минатата година, во интервју за еден поткаст, филмот на Скот од 2001 година го стави на првото место на својата листа, пред „Приказна за играчките 3, Изгубени во преводот“ и Ќе има крв“

– Се прашувам што зел, бидејќи што и да било тоа, и јас би зел малку, се пошегува режисерот, додавајќи дека воопшто не се согласува со него.

„Падот на црниот јастреб“ е снимен според вистински настани од 1993 година, кога за време на битката во Могадишу, Сомалија, беа соборени два американски хеликоптери, по што следеше акција за спасување на преживеаните.

Филмот постигна значителен успех во кината, освојувајќи две награди „Оскар“, за монтажа и звук. Во него играат Џош Хартнет, Јуан Мекгрегор и Том Харди, за кого ова беше прва филмска улога.