Connect with us

Фудбал

Ди Марија може да се пензионира по елиминацијата од Копа Либертадорес

Напаѓачот на Росарио Централ, Анхел Ди Марија, по поразот од 1:0 од Коринтијанс во реваншот од осминафиналето на Копа Либертадорес, изјави дека може да се пензионира.

– Ова е тежок момент. Мојот сон беше поинаков, мојата желба да продолжам беше поинаква. Тоа е фудбалот. Сега треба да размислам и да сфатам што сакам да правам следно, истакна Ди Марија во интервјуто за „UOL“.

Триесет и осумгодишниот Аргентинец неодамна за уште една година го продолжи договорот со Росарио Централ, каде што игра од минатото лето. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 1,8 милиони евра.

Ди Марија претходно играше во Европа за Бенфика, Јувентус, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.