Connect with us

Фудбал

Првиот натпревар на ПСЖ во новата сезона во Лига 1 ќе се игра на гостински терен поради лоши услови на домашниот

Француската професионална фудбалска лига (ЛФП) објави дека натпреварот од првото коло во лигата помеѓу ПСЖ и Рен од „Паркот на принцовите“ е преместен на „Роажон Парк“ поради лошата состојба на домашниот терен на парижаните.

Одлуката е донесена откако ПСЖ на 17 август ја извести лигата за проблемите со теренот.

– По извршениот преглед, беше утврдено дека моменталната состојба на теренот не ја обезбедува безбедноста на играчите. Организацијата доби гаранции од Рен дека клубот ќе може да го организира натпреварот и им се заблагодарува за можноста да бидат домаќини на натпреварот, се вели во соопштението на ЛФП.

Натпреварот ќе се одржи в недела, 23 август.