Фудбал
Најмладиот дебитант на Атлетико Мадрид во Ла Лига е 16-годишниот Домингез
Одбранбениот фудбалер Хорхе Домингез стана најмладиот играч на Атлетико Мадрид кој играл во најквалитетната шпанската лига, објави прес-службата на клубот.
Домингез започна за мадридскиот тим во синоќешната победа со 2:0 над Малага во 1. коло од Ла Лига за сезона 2026/27.
Во времето на неговото деби, Шпанецот имаше 16 години и 241 ден.
Домингез е роден на 21 декември 2009 година во Мадрид. Во тековната сезона тој одигра шест натпревари во Младинската лига на УЕФА и имаше една асистенција
август 20, 2026
