Општини
Директорот на Бирото за јавна безбедност во посета на Штип

Директорот на Бирото за јавна безбедност и началниците во Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов имаа заеднички состанок, на кој главна тема им беше безбедноста на манифестацијата штипска „Пастрамалијада“, која ќе се одржи за време на викендот.
Градоначалникот на Штип, Јорданов вели дека на состанокот разговарале за финалните детали на безбедносниот план за овогодинешното издание на манифестацијата штипска „Пастрмалијада“.
-Разговаравме на неколку теми, поврзани со безбедноста со сето она што е наше секојдневие на граѓаните на Општина Штип, но и на регионот. Предизвици со кои се соочуваме како град во делот на безбедноста, во сообраќајот и она коешто ни предстои како манифестација акцентирајки ја потребата за поголема безбедност на предстојната манифестација „Пастрмалијада“, имајќи предвид интересот и посетеноста, која што ќе се случи овој викенд во Штип, рече Јорданов.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Јанев изјави дека е разговарано и за камерите што ќе се поставуваат во Штип, со цел, како што рече тој, граѓаните бидат безбедни и спокојни. Дополнително даде акцент и на криминалитетот во градот.
-Во координација со добро осмислен план, сите точки во градот за време манифестацијата штипска „Пастрмалијада“ ќе бидат покриение, изјави Јанев.
Тој додаде дека се со цел градот да биде безбеден, а граѓаните и посетителите заштитени.
септември 16, 2025