Општини
До ОИК Куманово поднесени 8 кандидатури за градоначалник и 14 за советнички листи

Во Општинската изборна комисија Куманово поднесени се осум кандидатури за градоначалници и 14 листи за советници за претстојните локални избори, соопшти на денешната прес-конференција, претседателката на ОИК, Кристина Цветковска.
– Во моментов тече нашата работа, ги проверуваме доставените листи и треба да ги потврдиме доставените кандидатури и за советници и за градоначалници. Доколку има неправилности, тие имаат рок од 48 часа да поправат. Потоа уште еднаш ги прегледуваме и даваме решенија, ги потврдуваме или ги отфрлуваме, изјави Цветковска.
Од осумте листи за градоначалници две се независни, останатите се од политички партии. Според податоците на ОИК, кандидатури имаат политичка партија Левица Мирослав Петковиќ, група избирачи-Горан Стојковски-Диро, Коалиција Влен, Арбен Етеми, Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ- Мартин Костовски, група избирачи, Нинослав Јакимовски, Искуство за успех-Либерално-Демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите од Република Северна Македонија, -Виолета Арсовска, Национална Алијанса за интеграција-НАИ- Селвер Ајдини, Движење ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски.
Во Куманово има 14 кандидатури за советнички листи: Група избирачи-Месут Бајрами-За Албанците од Куманово, политичка партија- Левица Виторио Зафировски, група избирачи-Иван Петковски, Коалиција Влен,-Скендер Османи, Твоја Македонија (ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство) Социјалистичка партија на Македонија, Демократкси сојуз-ДС, Српска Напредна странка во Македонија-СНСМ, Бошњачка народна партија-БНП, Демократски сили на Ромите-ДСР, Партија на обединети демократи на Македонија-ПОДЕМ, Партија на Власите од Македонија, Глас за Македонија-ГЛАС, Нова либерална партија НЛП, Социјалдемократска унија-СДУ, Роми обединети од Македонија-РОМ, Работничко земјоделска партија на Република Македонија, Обединета партија за еднаквост на Ромите-ОПЕР, Достоинство, Трајно Македонско Радикално Обединување, ТМРО, Македонски концепт, МКонцепт, Партија на Хрватите во Македонија-ПХМ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство,)- Владимир Михајловски, Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ -Томица Илиќ, Политичка партија Македонска Ера Трета/Македонски независни листи-Суверенисти, Марјан Пешевски, Искуство за успех-Либерално-Демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите од Република Северна Македонија, Тома Глигоријевски, МААК Аца Јаневски, Коалиција за зелена иднина- Сретен Стојковски, Демократска партија на Србите во Македонија-Братска- Иван Стоилковиќ, Национална Алијанса за интеграција-НАИ Блерим Исени, Движење ЗНАМ-За наша Македонија -Ивана Ѓорѓиевска, Единствена Македонија- Сунчица Павлова
Во Куманово има 167 избирачки места.
септември 16, 2025