Connect with us

Општини

Четворица кандидати во трка за градоначалник на Струмица

Марјан Даскаловски од СДСМ, Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Цасконоје од Единствена Македонија и Драган Котуровиќ, независен кандидат се четворицата кандидати за градоначалник на Струмица, кои до завчера доставиле уредни кандидатури, информираше потпретседателот на ОИК Струмица, Петре Тодоров.

За членови на Советот на општина Струмица се доставени седум кандидадски листи: СДСМ – носител Миле Гогов, ВМРО-ДПМНЕ – носител Никола Маџунков, ЗНАМ – носител Александар Илиев, СТИГА Е – носител Ѓорги Танушев, ЛЕВИЦА – носител Јасмина Пијанманова, Демократска партија на Турците – носител Синан Мустафа и од Движење за национално единство на Турците – носител Аби Демиров.

По извршената проверка, Изборната комисија констатирала дека во поднесените листи на Демократската партија на Турците и од Движење за национално единство на Турците има неправилности.

Според потпретседателот Тодоров, овие подносители имаат рок до утре до 24 часот да ги отстранат неправилностите за да коже да бидат прифатени нивните кандидатури.