Connect with us

Ракомет

Колаковиќ: Задоволство е да се работи со Червар и ќе се бориме за титулата

Во новата сезона ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе настапат со неколку нови имиња, а едно од нив е Алекса Колаковиќ. Тој до неколкуте денови во „градот на ракометот“ ги пренесува впечатоците и ја најавува сезоната.

–   Многу сум среќен што дојдов во клуб и град со голема историја и традиција. Задоволство е да се работи со легенда како Лино Червар, но и со квалитетни соиграчи во тимот. Битола е прекрасна, гледам дека сега има и многу туристи, а луѓето се пријатни и гостопримливи. Лично се познавам со Хенигман и Радивојевиќ, кои ми кажаа само убави работи за клубот и атмосферата што ја создаваат навивачите. Гледав неколку натпревари од Лигата на шампионите, но и домашните дуели со Вардар 1961 и ГРК Охрид. Сметам имаме доволно квалитетен тим за да се бориме за шампионската титула. Се надевам дека ќе ја оствариме целта и ќе ја израдуваме армијата навивачи на Еурофарм Пелистер, изјави средниот бек Колаковиќ.

Еурофарм Пелистер ги стартуваше подготовките за новата сезона, каде покрај настапите во домашните натпреварувања ќе играат и во ЕХФ Европската лига