Connect with us

Свет

ФТ: Русија во текот на летото нападна стотици бензински пумпи во Украина

Русија во текот на летото со дронови и бомби нападна стотици бензински пумпи во Украина, објави британскиот весник „Фајненшел тајмс“ (ФТ).

Украински претставници за ФТ изјавија дека руските напади врз бензинските пумпи се одмазда за украинските напади со дронови и ракети врз руските нафтени и гасни постројки.

– Нивниот начин на размислување е: ако ни снемува гас, зошто вашиот живот да продолжи како и обично, изјави за ФТ началникот на Регионалната воена администрација на Полтава, Виталиј Џакивнич.

Членот на Регионалниот совет на Харков, Александар Скорик наведе дека Русија уништила повеќе од 200 бензински пумпи во Украина, од кои најмалку 80 биле во регионот Харков.

Тој не прецизираше во кој временски период биле погодени пумпите.