Connect with us

Забава

Француски студент казнет во Сингапур поради нарушување на јавниот ред

Тинејџер од Франција, кој студира во Сингапур е казнет со 600 сингапурски долари (околу 405 евра) за нарушување на јавниот ред.

Дидие Гаспар Овен Максимилијан (19) зел сламка од автомат за сок, ја употребил и ја вратил помеѓу чистите. Тој тоа го снимал и го објавил на Инстаграм со опис „Градот не е безбеден“.

Видеоснимката предизвикала осуда од голем број корисници на социјалните мрежи. По инцидентот, тој ја признал вината.

Мојот клиент е свесен за последиците од неговата шега. Искрено жали за предизвиканите проблеми, изјавил неговиот адвокат.

По инцидентот биле сменети сите 500 сламки кои биле во автоматот за сок.

Во Сингапур за нарушување на јавниот ред предвидена е казна до 2.000 сингапурски долари, казна затвор до три месеци или двете казни во исто време.