Connect with us

Забава

Лаос воведе забрана за увоз на нови автомобили со мотори на внатрешно согорување

Лаос од 1 јуни 2026 година го забрани увозот на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, додека поевтините електрични модели се ослободени од акцизи. Ваквата мерка е донесена поради зголемени трошоци за увоз на скапи фосилни горива. И покрај производството на големи количества евтина електрична енергија, државата истовремено плаќа висока цена за увоз на фосилни горива. Забраната се однесува исклучиво за патничките автомобили.

Покрај ова, државата ги намали и трошоците за регистрација на возилата. До крајот на 2026 година возниот парк на компаниите треба да го сочинуваат најмалку 10 проценти електрични возила, а до 2030 година 30 проценти од вкупниот возен парк во земјата.

Лаос најголемиот увоз на воизла го прави од Кина. Во државата се повеќе застапени скутерите и трициклите, што се далеку позастапени од патничките автомобили.

Лаос има околу 7,5 милиони жители и е една од најсиромашните држави во Азија. И покрај економскиот раст, земјата се соочува со висок надворешен долг, висока инфлација и голема зависност од кинеските инвестиции.