Connect with us

Свет

На морското дно во близина на јапонскиот остров Минимитори пронајдени ретки минерали

Владата на Јапонија денеска соопшти дека анализата на морското дно на островот Минамитори во Тихи Океан покажала дека има 54 проценти ретки минерали.

Јапонскиот брод „Чикју“ во февруари ја заврши едномесечната мисија близина на островот Минамитори, околу 1.900 километри југоисточно од Токио, што претставува прв успешен обид во светот за ископ на морското дно на околу шест километри длабочина.

Од морското дно извадени се околу 50 тони кал. Анализата откри присуство на итриум, што се користи во воздухопловството, енергетиката и полупроводниците, гадолиниум, што се користи во магнетна резонанца и други високи технологии, и диспрозиум, што се користи во магнети за електрични возила.

Јапонија во истата област планира во февруари 2027 година повторно да спроведе едномесечно рударење, при што би се извлекувале 350 тони тиња дневно. Материјалот ќе биде дехидриран, преработен и ќе се тестираат технологии за сепарација, рафинирање и топење.

Јапонија се стреми да го диверзифицира снабдувањето со клучни суровини поради кинеските ограничувања за извоз на ретки минерали, што се клучни за одбранбената и автомобилската индустрија.