Connect with us

Свет

Министерот за земјоделство на Молдавија поднесе оставка три дена по стапувањето на функцијата

Министерот за земјоделство на Молдавија, Раду Мустака денеска поднесе оставка, само три дена од стапувањето на должност.

Неговата оставка уследи откако медиумите објавија дека тој бил член на Демократската партија, додека лидер бил бизнисменот Владимир Плахотњук, кој е правосилно осуден.

Мустака прво тврдеше дека не бил член на Демократска партија, но медиумите објавија негови фотографии од партиски настани, како и кога ја добива членската картичка.

Мустака наведе дека оставката ја поднесува за да ја зачува довербата на јавноста во новата влада на Молдавија.

Премиерот на Молдавија, Василие Тофан ја прифати оставката на Мустака.

Плахотњук, некогаш највлијателниот политичар и еден од најбогатите луѓе во Молдавија, во април е осуден на 19 години затвор поради измама поврзана со кражба на една милијарда долари од молдавскиот банкарски систем. Тој е обвинет дека примил 39 милиони долари и 3,5 милиони евра од трите најголемите банки во Молдавија.

Плахотњук негира какво било кривично дело