Connect with us

Забава

„До хиемон бокс“ – фрижидер што го разладува телото за неколку минути

Јапонците пронајдоа иновативно решение за спас од екстремните температури. Таканаречениот „човечки фрижидер“ е специјално дизајнирана кабина наменета за брзо разладување на телото.

„До хиемон бокс“ е дело на јапонската компанија СДРС, производител на системи за ладење и автомати за продажба. Неговиот изглед е инспириран од разладните автомати за продажба, кои се препознатлив дел на Јапонија.

Кабината одржува внатрешна температура од 15 степени, што дава пријатно чувство веднаш по влегувањето. Ладниот воздух со приближно пет степени се насочува кон главата, вратот, рамената и грбот, овозможувајќи брзо намалување на телесната температура.

– Доволен е престој од 5-10 минути за да се почувствува освежување, советуваат експертите, нагласувајќи дека десетминутниот престој може да ја намали исцрпеноста.

„До хиемон бокс“ е наменет за лица кои работат во особено тешки услови.

Ad
Ad