Connect with us

Скопје

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје

Во Градската општа болница „8 Септември“ не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски. 

Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата.

– Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема штета имаме на кровот и кровната конструкција. Тоа е она што можам да го кажам од првичниот увид, додаде д-р Стојаноски за МИА.

Ad
Ad