Connect with us

Скопје

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии

Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. 

– Веднаш е  свикан кризниот штаб, по што уследија теренските  активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец , Дебар Маало и Буњаковец, каде што екипите интервенираат на повеќе локации. На терен се ангажирани мобилни служби, кои работат на брзо отстранување на последиците и обезбедување на проодноста на улиците и јавните површини –  информира општинската прес-служба. 

Градоначалникот Горан Герасимовски во пишана изјава порачува дека општината реагира координирано и без одлагање. 

– Работиме интензивно и сите сме ангажирани за да се справиме со последиците од ова страшно невреме – истакна Герасимовски.

Во акцијата се приклучија и граѓани кои самоиницијативно помогнаа во расчистувањето на критичните точки, со што дополнително придонеле за побрзо нормализирање на состојбата. Општина Центар упатува благодарност за солидарноста и апелира граѓаните да бидат внимателни додека траат интервенциите.

Телефони што се отворени за граѓаните: 075 219068 / 076 350767

Ad
Ad