Технологија
Видеоиграта „Галиполе“ излегува следниот месец
Следната видеоигра од серијата на „Блекмил гејмс“ (BlackMill Games) за Првата светска војна, е насловена „Галиполе“ (Gallipoli). На пазарот, таа ќе биде објавена на 20 август.
Приказната се одвива на Фронтот на војната, и е инспирирана од Битката кај Галиполе (во Турција, кај Босфорот) од 1915 година. Ова е четврта игра од серијалот – по „Верден“, „Таненберг“ и „Изонцо“. Секоја игра е инспирирана од историските битки по коишто е именувана, со прикази на автентично оружје, униформи и опрема.
Иако историската точност е важен елемент на овие игри, главната атракција за многу играчи е тактичката механика на пукањето.
„Блекмил гејмс“ веќе навести дека ова нема да биде нивната последна приказна од Првата светска војна. Додека многу други игри се шират на повеќе историски места и периоди одеднаш, разработката на одредени настани посебно, поединечно и одделно, според познавачи, и овозможува дополнително внимание и поцелосна историска точност. Видеоиграта ќе биде достапна како игра за компјутер, „Плејстејшн 5“ и „Икс-бокс Икс
јули 21, 2026

