Connect with us

Општини

АД МЕПСО го пушти во пробна работа новиот 400/110 kV трансформатор во ТС Дуброво со моќност од 300 MVA

Новиот  400/110 kV трансформатор во ТС Дуброво со моќност од 300 MVA, со успешно завршената монтажа и ставање под напон, од денеска е пуштен во пробна работа и по еден месец треба да биде интегриран елемент во електроенергетскиот систем. 

АД МЕПСО соопшти дека дека овој чекор е резултат на посветената работа на стручниот тим на нивната подружница ОПМ, како и дека проектот е реализиран според планираната динамика и според сите технички стандарди, од транспорт и монтажа, до тестирање и вклучување на трансформаторот.

Денешното ставање во пробна работа на новиот трансформатор означува нова фаза во развојот на преносната инфраструктура особено во услови на зголемена потрошувачка на електрична енергија и се поголема потреба за интеграција на обновливи извори на енергија (ОИЕ), велат од МЕПСО.

Клучни придобивки од инвестицијата се, наведуваат, подобрување на напонските прилики во регионот, поголема стабилност и флексибилност на преносната мрежа, поддршка за развој на нови капацитети од ОИЕ, квалитетно и континуирано снабдување со електрична енергија за домаќинствата и стопанството. 

– ТС Дуброво е еден од клучните енергетски јазли во земјата. Со новиот трансформатор, постројката добива значително зголемена сигурност и доверливост, што ја прави подготвена за идните предизвици, поголем економски раст и развој, транзиција кон зелена енергија, регионална поврзаност и подобар животен стандард. Пробната работа е дел од стандардната процедура при пуштање на вакви електроенергетски уреди и трае еден месец по што и официјално влегува како интегриран елемент во електроенергетскиот систем, се вели во соопштението.