Филм
Дванаесет сојузни американски држави против спојувањето на двата филмски гиганти
Група од 12 американски сојузни држави предводени од Калифорнија, вчера започна постапка против спојувањето на Ворнер брос дискавери и Парамаунт скајденс, вредно 81 милијарда долари.
„Планираното спојување би ја нарушило конкуренцијата во Холивуд и би довело до отпуштања во американската филмска индустрија, се наведува во тужбата“
Во тек на судската постапка, се очекува договор меѓу засегнатите страни. Во спротивно, судот ќе побара привремена забрана за реализација. Незаконско спојување на овие два гиганта, ќе доведе до повисоки цени, понизок квалитет и помал број на филмски и телевизиски содржини.
Парамаунт, со преземање на Ворнер Брос, би раководел со стриминг-платформата Ејч-Би-О Макс, популарните филмски франшизи како „Хари Потер“, како и информативната телевизиска мрежа Си-Ен-Ен. Спојувањето беше одобрено во април од страна на Ворнер.
Поради многу засегнати страни, спорот за спојување на двата филмски гиганти е сè уште во тек.
јули 14, 2026

