Connect with us

Општини

Тошковски во посета на ПО Мирковци: Бесправната сеча на шумата еден од приоритетите на полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на Полициското одделение Мирковци каде најави реструктуирање на ова одделение со засилување на човечки и оперативни капацитети.

Со подрачјето кое го покрива ова одделение има реално зголемување на фреквенцијата на луѓе како постојани или повремени жители, туристи или сопственици на викендички. Во таа насока да излеземе во пресрет и да можеме целосно да ја гарантираме безбедноста на граѓаните и нивниот имот со новата систематизација планирана со новиот Закон за внатрешни работи планираме реструктуирање на ова полициско одделение со засилување на неговите човечки и оперативни капацитети. Раководството на министерството е посветено на целосно унапредување на работните услови на полициските службеници преку обезбедување на нова опрема, униформи, возила и дигитализација на процесите со цел унапредување на севкупната ефикасност на македонската полиција, изјавил Тошковски.

Најави следниот период дека Министерството поитензивно ќе работи на сузбивање на криминалот со бесправната сеча на шумите.