Connect with us

Општини

Мицкоски: „Македонско најдобро“ е кампања за поттик на домашното производство

Кампањата „Македонско најдобро“ е родољубива за да сите купуваме македонско затоа што е навистина најдобро, вака го коментираше новинарскато прашање претседателот на Владата Христијан Мицкоски за суштината за купување на македонски производи.

– Па „Македонско најдобро“ е патриотска кампања. Македонска кампања, на македонските граѓани, кампања за да сите купуваме македонско затоа што е навистина најдобро. Тоа е суштината на таа кампања. Да го поттикнеме македонското производство, преработувачката индустрија и јас сум многу среќен, што главен двигател на растот на индустриското производство, понатаму и на домашното производство е токму растот на преработувачката индустрија. Тоа е целта рече премиерот Мицкоски во одговор на прашање при денешната посета на Општина Гази Баба.

Тој посочи во одговорот дека на ваков начин владата сака на граѓаните да им каже дека македонското е најдобро и сите да се ориентираме кон македонското.

-Сите да си се посветиме на македонските езера, на македонските планини, на македонските села, на македонското вино, сирење, кашкавал, месо, преубави се и сè останато. Еве да се обидеме сите тоа да го правиме и да видите како сè ќе биде поинаку и другите повеќе ќе нè ценат, рече Мицкоски.