Connect with us

Економија

Мицкоски: Ги поддржуваме домашната индустрија и економијата, само минатата недела префрлени речиси 120 милиони евра

Како Влада, ги поддржуваме домашните претприемачи, домашната индустрија и економијата. Минатата недела беа префрлени речиси 120 милиони евра за компаниите од унгарскиот кредит или од почетокот на проектот приближно 230 милиони евра – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во посета на Битола. 

Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски рече дека очекува инвестициите на домашните компании да одат најмалку двојно поголеми од вложените средства. 

– Како Влада, не само што поддржуваме вакви претприемнички потфати и странски директни инвестиции туку ги поддржуваме и домашните претприемачи, домашната индустрија и домашната економија. Знаете дека каматната стапка на кредитот е 1,95 процент, што претставува субвенционирана стапка од страна на Владата, со грејс-период од три години и рок на отплата до дванаесет години. На тој начин очекуваме инвестициите на домашните компании да бидат најмалку двојно поголеми од вложените средства – изјави Мицкоски, кој присуствуваше на официјалното отворање на фабриката „Брејнчајлд“ во индустриската зона Жабени

Ad
Ad