Connect with us

Економија

Горивата поскапуваат од половина до два денари

Горивата од полноќ поскапуваат од половина до два денари. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи бензините да поскапат од 1,5 до 2 денари за литар, а дизелот за половина денар. Поевтинуваат екстра-лесното масло за домаќинство и „мазутот“. 

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува за 1,50 ден./литар и тој од полноќ ќе се продава по цена од 87,50 ден./литар, а „евросупер БС-98“ поскапува за два денари и новата цена ќе биде 90 ден./литар. Дизелот поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 87,50 ден./литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за 2,50 ден./литар, со што новата цена ќе биде 86,50 ден./литар.

Се намалува и малопродажната цена на „мазутот“ за 1,074 ден./кг, кој сега ќе се продава по цена од 46,223 ден.

Ad
Ad