Хроника
Стружанка загина во тешка сообраќајна несреќа во Албанија
Во тешка сообраќајна несреќа, што се случила предпладнево на регионалниот пат Граничен премин Ќафасан-Поградец, во близина на селото Појск, животот го загуби 26-годишна жителка на селото Ливада, струшко.
Во полициското соопштение се наведува дека дошло до директен судар меѓу автомобил управуван од Г. Х., жител на Корча, со возилото управувано од Е. Љ. жител на Северна Македонија.
„Како последица на здобиените повреди, починала Е.Љ. (26), жителка на Ливада, Струга, сопатничка во возилото, а возачите на возилата и двајцата патници во двете возила се повредени. Четирите повредени лица се на лекување во болницата во Поградец и се надвор од животна опасност, стои во полициското соопштение.
Истражната екипа е на местото на настанот и работи на расветлување на околностите на несреќата.
јуни 14, 2026

