Хроника
Лишено од слобода лицето кое сквернавеше гробови на гробиштата во Бутел, следува соодветна пријава
На 13.06.2026 во 17:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишилe од слобода К.К.(24) од Скопје осомничен дека со метален предмет оштетил 11 гробни места и побегнал.
Како што информираат од МВР, на 12.06.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, вработен во Градските гробишта Бутел пријави дека го забележал К.К. како со метален предмет оштетил 11 гробни места и побегнал од местото.
По преземени мерки тој е пронајден и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
јуни 14, 2026


