Connect with us

Економија

Владата пред одлука државата сама да го реализира проектот „Чебрен и Галиште“

Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект „Чебрен и Галиште“ за што инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите. 

– Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ – рече премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите. 

Пресметките, појасни, покажуваат дека внатрешната стапка на поврат на инвестицијата е над 10 проценти, што го прави проектот значаен од економски аспект.   

– Но, не е само од економски аспект, цениме дека имајќи го предвид глобалното затоплување, во регионот ќе недостигаат два резервоари за пивка вода што може да се направат. Исклучително стратешки важно ни е Тиквешко Поле да се наводнува од овој проект. Тоа се приближно 60-ина илјади хектари земја – посочи Мицкоски. 

Овој предел, дополни, може да послужи и за развој на дата-центри. 

– Многу блиску сме до носење на одлуката како држава сами да го развиваме, а тоа значи изработка на физибилити-студија, која ја имаме и по принципот на јелоу-фидик да избереме фирма што ќе го гради – информира премиерот Мицкоски.

Ad
Ad