Connect with us

Свет

СЗО: Ризикот од чума во Русија е низок, а во Европа многу низок

Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека соработува со руските власти откако беше пријавена смртта на лабораториска асистентка во Институтот за контрола на чума во рускиот регион Иркутск во Сибир, објавија француските медиуми.

„Првичната проценка на ризикот на ОН, врз основа на достапните информации, покажува дека ризикот е умерен до низок за Иркутск, низок за Руската Федерација како целина и многу низок за европскиот регион“, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, на прес-конференција во Женева.

СЗО соопшти дека руските власти ги идентификувале сите луѓе кои биле во контакт со починатата лабораториска асистентка.