Хроника
Пушка и муниција пронајдени при претрес во Гостивар, едно лице лишено од слобода
Пушка и муниција биле пронајдени при претрес во Гостивар, едно лице било лишено од слобода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во градот, полициски службеници од ОВР – Гостивар го лишија од слобода У.Р., 69-годишен гостиварец. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба, пронајдени и одземени биле една автоматска пушка со рамка со шест куршуми калибар 7.65 мм, една рамка со 17 куршуми калибар 7.65 мм, како и повеќе кутии со вкупно 110 куршуми од различен калибар. У.Р. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок – информираа од МВР.
октомври 7, 2026
