Connect with us

Хроника

Пребегнат затвореник физички ја нападнал поранешната партнерка и насилно ја зел со себе

Дваесет и петгодишна жена била физички нападната и насилно однесена од нејзиниот поранешен невенчан сопруг, кој претходниот ден побегнал од Затвор Струмица, соопшти МВР.

Случајот бил пријавен синоќа во 22:50 часот во СВР Скопје од мајката на 25-годишната жена, која пријавила дека нејзината ќерка на подрачјето на Шуто Оризари била пресретната од нејзиниот поранешен невенчан сопруг Е.К.(25).

Според пријавеното, Е.К., кој претходниот ден побегнал од Затвор Струмица, физички ја нападнал жената со тврд предмет, а потоа насилно ја зел со себе.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.