Connect with us

Свет

Кремљ: Путин, на 74-иот роденден, ќе има меѓународни разговори и јавни ангажмани

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин денеска, на 74-иот роденден ќе има низа меѓународни телефонски разговори.

Тој додаде дека Путин ќе има јавни ангажмани, а и ќе се подготвува за претстојниот меѓународен форум во Туркменистан.

Песков наведе дека претседатели на држави, меѓу кои и Шји Џинпинг, му го честитале роденденот на Путин.