Connect with us

Фудбал

Кејн се искачи на седмото место на листата на најдобри репрезентативни стрелци на сите времиња

Капитенот на Англија, Хари Кејн постигна два гола синоќа во победата од 3:0 против Чешка во четвртото коло од групната фаза на Лигата на нации на УЕФА.

Триесет и тригодишниот напаѓач ги постигна 90. и 91-от гол за англиската репрезентација. Кејн се искачи на седмото место на листата на најдобри репрезентативни стрелци на сите времиња, надминувајќи го Мохтар Дахари (89 гола), кој играше за Малезија.

Пред Кејн на вечната листа се: Кристијано Роналдо 146 гола за Португалија, Лионел Меси 125 гола за Аргентина, Али Даеи 108 за Иран, Сунил Чхетри 95 за Индија, Ромелу Лукаку 94 за Белгија и Роберт Левандовски 92 за Полска.