Општини
Дарко Јованов со европска титула и хуман гест – наградата од 10.000 денари ја донира за лекување на сограѓанка
Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, денеска го прими виничанецот Дарко Јованов, кој неодамна, заедно со своето куче Гара, го освои европскиот врв на 30-тиот Европски куп за ловни гоничи, што се одржа во Оса, Грција.
Костадиновски му упати честитки на Јованов за постигнатиот успех, истакнувајќи дека со освоената титула тој го потврдил квалитетот и посветеноста на македонските кинолози и придонел за промоција на Виница и Македонија на меѓународната сцена.
Како признание за неговиот успех и благодарност за придонесот во промоцијата на општината и државата, градоначалникот на средбата му додели вредносен ваучер во износ од 10.000 денари.
Но, Јованов одлучи ваучерот да го донира за лекување на неговата сограѓанка Симона.
Од Општина Виница посочуваат дека овој гест покажува дека вистинската големина не се мери само со освоените титули, туку и со подготвеноста да се помогне на друг.
октомври 7, 2026
