Connect with us

Вести

Во Салцбург се основа нова македонска црковна општина, четврта во Австрија

По Виена, Линц и Филах, четврта македонска црковна општина во Австрија се основа во Салцбург. Со благослов од митрополитот европски, г. Пимен, македонските православни верници во Салцбург добиваат македонска црковна општина и стануваат дел од Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

На 19 септември 2026 година, по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Салцбург првпат ќе биде отслужена света архијерејска божествена литургија, на која ќе чиноначалствува митрополитот Пимен.

– Овој историски чин претставува нов почеток за македонските православни верници од Салцбург и околината, место каде што верата, традицијата, јазикот и македонската духовна припадност ќе продолжат да се пренесуваат на идните генерации. Затоа, почитувани Македонци, да бидеме заедно на овој голем ден! Да се собереме во што поголем број и заеднички да го одбележиме моментот кога македонското православно семејство во Австрија повторно раст“, се вели во известувањето до Европската епархија.