Свет
Кремљ: Новите американски санкции врз Русија ќе ги комплицираат напорите за постигнување мировен договор за Украина
Кремљ денеска соопшти дека новите санкции на САД врз Русија ќе ги комплицираат напорите за постигнување мировен договор за Украина, објавија британските медиуми.
Претставничкиот дом на САД вчера одобри огромен пакет санкции насочени кон зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината војна во Украина и го испрати законот до претседателот Доналд Трамп за негово потпишување.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска им изјави на новинарите дека Русија го смета ова за „непријателски“ чекор и додаде дека го следи развојот на законот.
септември 18, 2026
