Connect with us

Сцена

Веднаш по враќањето во Англија, кралската двојка ги префрли децата во друго училиште

Принцот Хари и неговата сопруга Меган ги преместија своите деца во друго училиште од безбедносни причини, само неколку дена по почетокот на учебната година во Англија, каде што неодамна се преселија, објавија британски медиуми.

Според нив, комитетот одговорен за безбедноста на кралското семејство и јавните личности исто така го разгледува нивото на полициска заштита што ќе им биде потребна на помладиот син на кралот Чарлс III и неговото семејство по нивното враќање во Велика Британија на 26 август.

Според медиумите, Хари и Меган избрале да живеат во Котсволдс, област во централна Англија, омилена кај познатите личности. Тие ги запишале седумгодишниот Арчи и петгодишната Лилибет во приватно училиште.

Според списанието „Хелоу“, оддалеченоста до ова училиште и сообраќајот на рутата предизвикале загриженост за безбедноста.

„Одлуката за промена на училиштето на децата е донесена по разговорите со безбедносниот тим на семејството за практичните аспекти на нивната моментна ситуација“, изјави портпарол на семејството.

Во 2020 година синот на кралот и неговата сопруга се откажаа од своите кралски должности и ја напуштија Велика Британија во услови на конфликт со кралското семејство. Во тоа време тие ја изгубија и трајната полициска заштита на која имаа право.