Хроника
Пожар во “Истра” во Кочани
Пожар избувна денеска во објект на „Истра” во Кочани, фабрика за производство на маси и столици од дрво, при што бил зафатен дел од внатрешноста на објектот.
На местото на настанот интервенирале три противпожарни возила и пет пожарникари, информира Драган Апостолов, командир на ТППЕ од Кочани. Пожарот е изгаснат, со што е спречено огнот да се префрли на халата во која е сместен “Кам маркетот”. Според Апостолов сериозно повредени нема. Едно лице побарало лекарска интервенција поради вдишување на чад.
Предизвикана е материјална штета која допрва ќе се проценува. Засега нема официјална информација за причините поради кои избувнал пожарот.
За случајот e известено и ОВР Кочани.
септември 9, 2026
