Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид се подготвува да купи играч од Премиер лигата

Преодниот рок за фудбалерите заврши, но екипите веќе ги прават плановите за новиот преоден рок и потенцијалните засилувања. Реал Мадрид веќе има во план да ангажира фудбалер од Премиер лигата.

Според информациите од Шпанија „кралскиот клуб“ ја следи ситуацијата со играчот на Ливерпул Алексис Мек Алистер. Аргентинецот извесен период се поврзува со заминување од Енфилд, но самиот играч никогаш директно не изјавил дека ќе го напушти повеќекратниот шампион на Англија. Мек Алистер има уште две години од договор со Ливерпул, што може да биде дополнителен проблем за негово напуштање на клубот.

Тој за Ливерпул има одиграно 152 натпревара и постигнал 19 голови.