Connect with us

Фудбал

Европскиот првак ПСЖ сè уште без победа во француското првенство

По три одиграни натпревари во француското првенство европскиот првак ПСЖ е сè уште без победа откако синоќа загуби на домашен терен од Монако со 2:1. Заедно со поразот од Ленс во францускиот Супер куп, ПСЖ нема триумф оваа сезона против француска екипа, а единствената победа ја има против Астон Вила во Супер купот на УЕФА.

ПСЖ поведе со голот на Маркињос во 31.минута, а голот беше признаен во ВАР проверката. Гостите во 58.минута преку Назињо изедначија на 1:1, додека голот за победа го постигна Станис Идумбо во 72.минута.

Ова е прв пораз за ПСЖ во Лига 1 по двата нерешени резултати на стартот од новата сезона, додека Монако има максимален учинок со три победи.