Connect with us

Свет

Колумбискиот претседател ги прогласи сите криминални организации за терористички

Колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела ги прогласи сите нелегални вооружени и криминални организации што дејствуваат во Колумбија за терористички групи, со што најави драстично заострување на безбедносната политика на неговата влада, само неколку недели по преземањето на функцијата, објавија денеска локалните медиуми.

Обраќајќи се пред учесниците на состанокот на советот за безбедност во Баранкила, претседателот Де ла Есприела рече дека неговата влада ќе престане да прави разлика помеѓу криминалните организации вклучени во трговијата со дрога, нелегалното рударство, изнудата, шверцот и другите нелегални активности.

„Мораме да престанеме да се однесуваме кон овие криминалци на различни начини“, рече тој, додавајќи дека сите тие мора да се третираат под една етикета – како терористички групи