Фудбал
Куртоа: Родри ја избра Барселона пред Реал, тоа е негова загуба
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, коментираше за трансферот на играчот од средниот ред Родри од Манчестер сити во Барселона.
Реал Мадрид исто така беше заинтересиран за 30-годишниот фудбалер, но Родри избра да ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб, со кого потпиша договор до летото 2030 година.
-Секој играч избира каде сака да биде. Тоа што тој избр адруг клуб е негова загуба, рече Куртоа во интервју за DAZN.
Родри играше за Манчестер сити од летото 2019 година. Со „Граѓаните“ освои четири титули во англиската Премиер лига и Лигата на шампионите. Во 2024 година, играчот од средниот ред ја освои „Златната топка“.
август 24, 2026
