Connect with us

Фудбал

Челзи му го продолжи договорот на Жоао Педро

Челзи го објави продолжувањето на договорот на напаѓачот Жоао Педро. Новиот договор на 24-годишниот Бразилец е до 2034 година.

Педро е во Челзи од летото 2025 година.

– Многу сум среќен што потпишав нов договор со Челзи. Отсекогаш сонував да играм за голем клуб и многу ми значи да се обврзам долгорочно на овој тим. Челзи има долгогодишна победничка традиција и големи амбиции за иднината. Имам одличен однос со сите во клубот и се чувствувам како дома во Лондон уште од првиот ден, рече Педро.

Фудбалерот го освои Светското клупско првенство со Челзи. Вкупно, тој одигра 53 натпревари за тимот од Лондон во сите натпреварувања, постигнувајќи 23 гола и девет асистенции.