Живот
ВИ создаде 16 функционални вируси – научниците ги поместуваат границите на биологијата
Вештачката интелигенција направи уште еден голем скок во биологијата. Научниците, користејќи генеративни ВИ-модели, дизајнирале цели геноми на бактериофаги – вируси што напаѓаат бактерии, а коишто сега може да се произведуваат во лабораторија. Од илјадници обиди, 16 вируси се покажале како функционални.
Истражувањето го водеше д-р Брајан Хеј од Универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија (САД), а користени се модели „Ево 1“ и „Ево 2“ (Evo 1 / 2), коишто анализираат шеми во генетските секвенции. Моделите беа обучени на податоци од повеќе од два милиони бактериофаги, а потоа се сосредоточија на секвенции од семејството микровируси (Microviridae). Така, бактериофагот „Φи-кси-174“ – мал вирус којшто напаѓа бактерии, има геном – доволно едноставен за да се синтетизира во лабораторија, а доволно комплексен за да биде сериозно тестиран со ВИ.
Од особен интерес е тоа што новите бактериофаги беа способни да нападнат одредени соеви на бактеријата „ешерихија коли“ што претходно станале отпорни на природниот „Φи-кси-174“.
Резултатите би можеле да бидат значајни на долг рок, во однос на терапиите со употреба на бактериофаги за уништување бактерии. Овој пристап е особено интересен за долготрајни и тешки за лекувања. Сепак, истражувањето сѐ уште не укажува на лек за инфекции отпорни на антибиотици. Но, експериментот покажа дека бактериофагите дизајнирани од ВИ можат да ја надминат бактериската отпорност на природниот вирус.
Особен предизвик претставуваат тн. биофилмови, т.е. прилепени заштитни заедници на бактерии што може да се развијат на хронични рани, катетри и импланти. Лабораториските резултати се ветувачки, но не значат автоматски дека истиот ефект ќе биде можен кај луѓето.
Отворени прашања за биолошката безбедност
Можноста вештачката интелигенција да дизајнира функционални вирусни геноми, исто така, отвори сериозни прашања за биолошка безбедност. Затоа, авторите на истражувањето применија одредени заштитни мерки на пр. во однос на вирусите коишто можат да заразат луѓе, животни или растенија. Експериментите се извршени на непатогени лабораториски соеви на „ешерихија коли“, а сите 16 нови бактериофаги имале многу тесен опсег на домаќини.
Сепак, научниците предупредуваат дека развојот на безбедносни правила мора да биде во чекор со технолошкиот напредок. Тие предлагаат контрола на пристапот до ризични модели и податоци, проверка на генетските секвенции пред синтезата и строги лабораториски правила.
Се нагласува, исто така, дека резултатите не треба да се толкуваат како доказ дека ВИ веќе може лесно да дизајнира нов пандемиски вирус. „Φи-кси-174“ има многу мал и едноставен геном во споредба со сложените патогени. Сегашните 16 бактериофаги не претставуваат закана за луѓето, а технологијата би можела да помогне во развој на нови начини за борба против бактериите во иднина. Истовремено, истражувањето покажува дека ВИ веќе не е само алатка за анализа на биологијата и може да предложи нови генетски планови коишто би станале функционални по лабораториското производство.
август 17, 2026
